713
Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.
Вршителот на должноста градоначалник Герогиески вечерва даде куса изјава пред медиумите, на која им се заблагодари на охриѓани што ја избрале опцијата за европски Охрид и европска Македонија. Тој рече дека победил со околу четири илјади гласа пред противкаднидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.
Георгиески додаде дека вечерва ќе слави, додека веќе од утре почнува со работа за реализација на сите проекти и ветувања дадени пред граѓаните во изминатата предизборна кампања.