703
Фондацијата Конрад Аденауер одржа обука на тема „Градење капацитети на локално ниво“ за кандидати за градоначалници и некои од потенцијалните кандидати за општински советници, предложени од Алијансата за Албанците.
Од партијата на Зијадин Села информираат дека настанот го отвори директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, кој ја изразил својата подготвеност и на неговата екипа за поддршка на Алијансата за Албанците во градењето капацитети.
„Еден од приоритетите во рамките на оваа соработка е членството на Алијансата за Албанците во Европската Народна Партија, како дел од големото семејство на десничарски партии“, велат од АА.