Кичеец учествувал во тешка сообраќајка кај Стража

by fokus

Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип “мерцедес”, патничко возило “бмв” и камионет.

Од МВР информираат дека едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад “за укажување на лекарска помош.

Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид, а од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.

Неофицијално, еден од учесниците во сообраќајката бил и Зоран Милески-Кичеец, правосилно осуден во случајот „Рекет“.

Поврзани новости