Кандидати за градоначалници: Филип Темелковски или Елена Костова од СДСМ во Кисела Вода, Велимир Смилевски во Бутел

by Fokus

На два месеци пред одржувањето на локалните избори, во јавноста се погласни се информациите кои ќе бидат кандидати за градоначалници во скопските општини и во другите градови низ земјава.

Во скопската општина Кисела Вода кандидатури само од редовите на СДСМ поднеле тројца кандидати Филип Темелковски, кој е претседател на Општинската организација во оваа скопска општина, Елена Костова и Борче Станковски, но сепак се уште не е пресечно кој од нив ќе избие и на 15 октомври ќе ја води битката за градоначалничкото столче во оваа скопска општина.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ се уште не е познато кој ќе биде нивни кандидат, дали досегашната градоначлничка Билјана Беличанец ќе се бори за уште еден мандат или некој нов ќе се бори за градоначалничката фотеља.

Според нашите информации, како кандидат за градоначалник на СДСМ во Бутел се врти името на Велимир Смилевски, кој исто така е претседател на Општинската организација.

„Фокус“ претходно објави дека неколку денови во јавноста е актуелна информацијата дека кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ ќе биде Снежана Ангеловска -Трајковска, кој во моментот е кординатор на советничката група во истата општина.

Додека, за нејзин противкандидат, од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ најактуелно е името на Методи Наковски, кој е претседател на Општински комитет Ѓорче Петров.

 

 

Поврзани новости