Кандидат за возач удрил мотоциклист со автомобил од авто-школа

by fokus

Вчера во 18.50 часот на магистралниот пат А2, патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач А.С. (18) од Кичево, во присуство на инструктор  Б.С. (26) од Кичево, удрило во мотоцикл „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Б. (20) од с.Челопеци, кичевско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Поврзани новости