Дваесетгодишна девојка повредена во сообраќајка во Скопје

by fokus

Вчера околу 23.55 часот на крстосницата од ул. „Козле“ со ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје дошло до судир помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (20) од Скопје и патничко возило „Сеат Атека“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (38) од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат Пунто“, Н.С. (20) од Скопје. Таа била пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости