Кандидат за градоначалник на Чаир вели дека е прислушуван

by fokus

Зеќирија Ибрахими од БЕСА, кандидат за градоначалник на Општина Чаир, тврди дека бил прислушуван со одобрување на власта и смета дека тоа го преќутуваат министерот за внатрешни работи, министерот за правда, јавното обвинителство и народниот правобранител.

-Денеска повторно се чувствувам незаштитен од сите страни, иако ден порано побаравме од надлежните органи да ги превземаат сите потребни мерки. И покрај фактот дека сите тие институции се запознаени со случајот, и покрај тоа што портали познати како блиски до ДУИ ги објавуваат без никаков страв и срам моите коресподенции, досега никој ништо не преземал. Почитувани, тие кои посегнале по мојата приватност, не се анонимни, не се портали на кои не им се знае сопственикот, тие имаат име и презиме и сите ние знаеме дека тоа се прави за сметка на ДУИ во контекст на локалните избори, а јас уште се чувствувам незаштитен – вели Ибрахими.

Вели дека власта на СДСМ и ДУИ е запознаена со следењето на неговите комуникации иако ветиле дека масовното прислушување никогаш нема да се повтори.

„Затоа со жалење констатирам дека нашата државата продолжува по истиот терк на „реформската неправда“. Судејќи според ова, и оваа власт, која само привидно е „реформска“, на дело со ништо не се разликува со претходната власт. Се чини дека зборот „правда“ се уште има само селективно значење“, додава тој.

Ибрахими бара заштита од безбедносните органи и органите на правда во државата, но и од меѓународната заедница, бидејќи како што вели, станува збор за класично прислушување зад кое стојат СДСМ и ДУИ.

 

Поврзани новости