Трајановски и Шехтански не се појавија на потпишување документ за младите

by fokus

Актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски не се појави на денешниот настан во Музејот на соверемена уметност каде младите дискутираа со кандидатите за градоначалници на Скопје. Иако претходно го најави своите присуство Трајановски отсуствуваше од дебатата, а подоцна испушти и да се потпише на документот со кои кандидатите се обврзуваат да реализираат проекти за младите.

Документот содржи барања во делот на образованието, културата и спортот, а го потпишаа Петре Шилегов од СДСМ, Марија Џонс од Левица, Нафие Селмани од БЕСА и Ѓорги Тодоров од Национално движење за Македонија.

Освен Трајановски не се појавија ниту останатите тројца кандидати, Ванчо Шехтански од ТМРО, Беким Фазлиу од ДПА и Наим Бајрами од Алијанса за Албанците. Од младинскиот совет најавија дека ќе им го достават документот за и тие да се потпишат на него.

Поврзани новости