Коневски сам ги отстранил флешерите од неговото возило, утврди полицијата

by fokus 17:32
17:32

Откако вчера беше снимен автомобилот на градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, со полициски флешери, денеска полицијата направила проверка и утврдила дека тој сам си ја отстранил полициската опрема.

-Возилото е контролирано, при што е утврдено дека т.н. флешери веќе не се поставени на него, односно сопственикот самиот ги отстранил. Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци е регулирано во член 138, 139 и 140 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде е уредено дека уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои Полицијата или воената полиција вршат придружба, вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата на Република Македонија, како и на возилата со право на првенство на минување. Вакви уреди може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела, велат од полицијата.

- Advertising -

Поврзани новости