Владејачката партија синоќа до полноќ ги поднесе листите на кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија. Досега, од ДПМНЕ не излегуваат јавно со имињата, но споре информации на Дојче Веле на листите ги нема Диме Спасов, Спиро Ристовски, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски…
Од ударната постава на ВМРО-ДПМНЕ единствено министерката за култура Елизабета Канческа Милевска е на втора позиција во единицата, по неа се Борис Змејковски, Драган Данев и претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова. Трајко
Вељаноски е втор во „двојката“, каде се и коалициските партнери Иван Стоиљковиќ и Амди Бајрам, а изненадување на осмата позиција е Јохан Тарчуловски.
Техничкиот премиер Емил Димитриев е втор во „тројката“. Во четворката зад Груевски е Ванковер Манчев од Струмица, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова…
Васил Пишев е на шестата позиција. Во петката на втора позиција е Зоран Илиоски, потоа Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотовски… Крсто Мукоски е на седмата позиција. Во шестката на втора позиција е Јусуф Хасани од Врпчиште, потоа Дафина Јовановска Стојанова, Горан Манојловски, Фатмир Имероски од Могорче, Валентина Стефановска од Тетово…