528
Новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска влезе во Министерството за култура каде што екс министерката Елизабета Канческа-Милевска му го предаде кабинетот.
Сепак примопредавањето беше извршено зад затворени врати, бидејќи Канческа-Милевска не дозволи медиумите да влезат во министерството и да го снимаат чинот.
Фотографиите од примопредавањето на функцијата беа испратени до медиумите од прес-службата на министерството.