523
Откако во јавноста излегоа шпеклации дека министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, следна ќе си поднесе оставка по вицепремиерот Ставрески, во изјава за порталот Фактор, таа вели дека тоа е целосна невистина.
-Целосно сум посветена на реализацијата на програмата и проектите во Министерството за култура. Максимално работиме заедно со мојот тим, со полн капацитет во исполнување на сето она што сме го ветиле кон граѓаните, изјавила министерката која вчера беше актуелна по изјавата која ја даде на лош српски јазик.