ВМРО-ДПМНЕ: Притворот на Талески е одреден под жесток притисок!

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на денешната одлука на Кривичниот суд, кој му изрече 30 дена куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, за случајот „Транспортер”.

Од владејачката партија обвинуваат дека судот потклекнал на „безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ”.
-Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против судиите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување на присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана, на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба. Сето ова единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое одсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости