Легендарниот фудбалер и член на шампионската генерација на Италија – Фабио Канаваро седна на клупата на Удинезе, каде го наследи Габриеле Кофи.
Удинезе не е во сјајна ситуација, бидејќи е на 17. место со 28 бодови, а го чека тешка борба за опстанок.
По пристигнувањето на клупата на тимот од Удине, легендарниот Канаваро проговори за многу работи.
– Кога ќе ве поканат одредени клубови, тешко е да се каже не, историјата е многу важна. Удинезе има историја да биде сериозен клуб каде што можеш да дојдеш и да работиш, поканата дојде ненадејно, но беше правилно да се прифати, имам вистински причини за тоа – започна Канаваро.
– Моментот секако е комплициран, четири победи во сезоната се мали, тимот има проблеми, но има квалитет и технички и човечки. Опстанок? Ќе мора да се тркаме сами. Ако сме конзервативни, ризикуваме да се `изгориме`. Мора да разбереме дека има уште многу бодови на располагање и дека на секој натпревар треба да пристапуваме како да е финале, а финалето не се игра туку се добива – нагласи Канаваро.