Објавувањето на намерата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги за покренување на иницијатива која би довела до одземање на дозволата за Канал 77 е со цел да ги спречи плановите за отворање на нова независна телевизија, реагираат од радио Канал 77.
ГБЦ Комуникации, основачот на Канал 77, на 13-ти јули 2015 година поднел барање за распишување на конкурс за национална телевизија до Агенцијата за аудуио и аудиовизуелни медиуски услуги на РМ. Неколку дена по поднесување на ова барање, Агенцијата покрена иницијатива за медиумска концентрација на ТРД Радио Канал 77. Ова од Канал 77 го сметаат за очигледна намера да се успори процесот и да се добие на време.
-Дополнително влијае и големиот интерес на про-владините телевизии да останат сами во етерот во страв од вистинска конкуренција на независна телевизија со вклучен странски инвеститор. За истата ова состојба ГБЦ Комуникации и претходно беше проверувана и обвинувана во 2013 година и овој процес се заврши на Управен суд без епилог, се вели во соопштението од Канал 77.
Од радиото велат дека иницијативата за медиумска концентрација која ја покрена Агенцијата, е покренуваат без никаква правна основа и без правилно правно толкување, а тие се повикани на одговорност за нешто што не постои.
-Вршење притисок врз медиумот и „вежбањето” држава и власт врз Радио Канал 77 ги надминува сите граници на хумано и демократско однесување, стои во соопштението.
Канал 77 ќе ги извести и информира сите меѓународни организации за оневозможување и спречување на работата на првата национална приватна радио станица и нејзините идните развојни планови.