Канал 5: Вчодоневидени сме од примитивизмот на советникот на Алаѓозовски

by fokus

Канал 5 реагира на колумната на Златко Теодосиевски и наведува дека телевизија и сите нејзини вработени се вчудовидени од вербалниот примитивизам на советникот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Советникот по име Златко Теодосиевски во својата колумна објавена на порталот Плусинфо, користи вокабулар недостоен за никого, а најмалку за интелектуалец кој работи во Министерството за култура.

Дотичниот советник, г-динот Теодосиевски, користи тешки конструкции, невистиното обвинувајќи го мега успешниот проект на Канал 5, емисијата „Само вистина“, при што клевети дека наводно емисијата во која учествуваше неговиот колега, г-дин Грчев, била намерно продолжена од регуларните „едвај триесет минути“ и сме ја растегле на 1 час и 40 минути, што е наунофантастична измилица. Емисијата „Само вистина“ има варијабилно време, и во последно време трае околу 1 час и 15 до 1 час и 30 минути.

Дополнително, овој „културен“ работник, користи крајно навредливи имиња за нашата телевизија, емисија, новинарка, уредник, со што прави преседан во 27-годишната историја на Македонија, еден државен службеник да клевети и навредува со манири на најголем примитивец“, се наведува во реакцијата.

Канал 5 ТВ порачува дела очекува министерот Алаѓозовски да „не „спаси“ сите нас од овој „советник“ и да се огради од оваа негова колумна, но и да го разреши овој „културен“ работник“.

Телевизијата информира дека ќе поднесе соодветен правен поднесок и ќе ги информира домашните, но и меѓународните претставници.

Поврзани новости