Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води владата на СДСМ, обвинуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на СДСМ е фокусирана на деструкција, уривање споменици, притворање на неистомисленици, а економијата не е ниту во втор план, туку е крајно маргинализирана. Наместо владата да промовира мерки со кои директно ќе ја помогне економијата, со површни мерки и гол популизам, купува време за опстојување на власт. Популизмот на Заев се сруши пред фактите и бројките, објавени од Државниот завод за статистика. Неспособноста да испорача економски раст, владата ја покрива преку пресметка со политичките неистомисленици. За да не се занимаваат граѓаните со расипништвото на владата, СДСМ преку правосудните органи монтира политички случаи против своите неистомисленици. СДСМ неосновано во притвор ги смести токму оние кои беа најгласни против нивните катастрофални политики на секое поле, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.