Редакцијата на Канал 5 ТВ и особено тимот на „Само Вистина“ се зачудени од реакцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Игор Јанушев, реагираат вечерва од телелвзијата откако Јанушев објави дека не е точно дека тој прифатил да дојде на дебата со Хари Локвенец.
-Вистината е дека г-динот Јанушев ја прифати поканата за гостување, без никаков приговор, дури и со забелешка дека е „подготвен да се соочи со било кој“ од другата страна. Но, потоа,ја промени својата одлука откако дозна дека треба да дебатира со г-динот Хари Локвенец, кој патем, освен долгодишен пратеник е и член на најтесното раководство на СДСМ, Извршниот одбор, факт кој г-динот Јанушев би требало да го знае, или барем лесно можел да го провери. Овде сакаме да упатиме порака до партиите и од власта и опозицијата, дека концептот и уредувачката политика на „Само Вистина“, и генерално на Канал 5, се и ќе бидат единствено наша внатрешна работа, но истовремено нашата јасна балансираност и професионалност се видливи и јасни за сите гледачи.На г-динот Јанушев се надеваме дека му е јасно дека заврши времето кога политичарите одлучуваа дали каде, кога и со кого ќе се соочат. Сега можат да ги прифатат поканите или да избегаат од соочување, што е вистинска штета во услови кога Македонија се ноаѓа на крстосница и кога граѓаните очекуваат да ги слушнат ставовите на сите во земјата. Но, тоа говори и за зрелоста на политичарите, велат од телевизијата која за време на претходната влада беше една од најкритикуваните за неизбалансирано известување и блискост со тогашната власт.