Јанушев не дојде на дебата со Локвенец, ќе дебатирал само со потпретседателите на СДСМ

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва не се појави на дебатата на телевизија Канал 5 со Хари Локвенец од СДСМ. Водителката рече дека тој ја прифатил поканата, но не се појавил.

Јанушев пак, негира дека ја поканил поканата за дебата со Локвенец. На својот Фејсбук профил тој напиша:

-Сакам да посочам дека претходно прифатив да учествувам на ценетата емисија Само вистина и да дебатирам со потпретседателот на СДСМ – Фросина Ременски, со укажување дека со истиот соговорник веќе бев на дебата и можеби е добро да размислат дебатата да биде со некој друг од раководството на СДСМ, напоменувајќи дека дури и да остане како што е првично планирано немам никаков проблем. Очигледно плановите, но и желбите, очекувањата или стравувањата биле поинакви по што телевизијата ме извести дека гостинот со кој треба да дебатирам е Хари Локвенец. Со оглед на тоа што се работи за пратеник кој не е во потесните раководни органи на партијата јасно подвлеков дека сум целосно подготвен да дебатирам со било кој од потпретседателите или генералниот секретар на партијата на власт, во секое време и на секоја тема и дека доколку на тоа не се согласни од СДСМ дебатата со Локвенец може да се реализира со било кој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, тврди Јанушев.

Тој додаде дека мора да ја потенцира потребата за поголема коректност на телевизијата Канал 5 и да ги охраби луѓето таму „да се отргнат од канџите на стравот наметнати од власта“.

Поврзани новости