Џафери: Иванов се меша во законодавната власт и ја попречува работата на Собранието

by fokus

Одлуката да не го потпише законот по повторното изгласување со мнозинство гласови, односно 69 „за“ и еден воздржан, значи дека претседателот се меша во законодавната власт и го попречува Собранието во носењето на законите во иднина, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во гостувањето на телевизија 1ТВ.

-Овде се поставува прашањето на сигурноста на законодавниот дом во надлежностите, затоа што ова веќе станува пракса, а не исклучок. Претходно беше Законот за јазиците, сега овој закон, вели Џафери.

Како што објасни, утре кој закон и да го носи, Собранието нема да биде сигурно дека претседателот ќе го потпише, па ќе мора да се фокусира само на законите со двотретинско мнозинство и да не носи никакви други.

Поделбата на власта е на законодавна, извршна и судска, а претседателот е дел од извршната и како врховен командант има надлежности во одредени ситуации, додава Џафери.

Поврзани новости