350
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во неговата колумна за неделнот издание на весникот Димократиа порачува дека во Грција ќе мора да се одржи референдум за новото име на северниот сосед.
„Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ“, пишува Каменос, според кого секое е вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура и историја.
Коалицискиот партнер во грчката влада напоменува и дека сега владата говори за сложено име со географска одредница, но во предизборната програма на премиерот Алексис Ципрас никаде не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.