Слаб одзив на протестот против аерозагадувањето пред влада

by Фокус

Околу педесетина граѓани, со транспаренти на кои пишуваше „Вие и вашите деца дишете друг воздух?“, „Не можам да дишам“, „Во светот да има мир и кислород“, „Стоп за загадувањето“, излегоа денеска на протестот против загадувањето на воздухот кој се одржа пред Владата.

„Британската влада во 2000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, беше наведено во повикот за протестот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Организаторите на протестот истакнаа дека оваа влада исто како и претходната нема слух за ова прашање, бидејќи недостигаат ефективни мерки во борбата против овој проблем.

Поврзани новости