Камчева: Со Николовски не сакав да се сретнам во УБК, се плашев од Јовче Ременски

by fokus

Обвинетиот Бојан Јовановски во судница се соочи со Ана Камчева, сведок во случајот „Рекет“.

Откако Камчева ја раскажа својата верзија на приказната, Јовановски ја праша дали е точно дека преку Бане Поповиќ побарала средба со него?

Камчева негираше, потенцирајќи дека таа не барала средба. Тогаш Боки 13 ја праша и да каже што точно зборувала, додека била во неговиот дом, за семејството на својот сопруг, мајката и сестрата на Орце, додавајќи дека се пожалила дека ја оставиле без пари. Судот не го дозволи прашањето.

Јовановски ја праша и Камчева и зошто ги следела сите напатствија од Зоран Милевски Кичеец, а претходно ја праша и дали постапувала по упатство  на Кичеец. Но и овие прашања не беа дозволени.

Обвинетиот ја праша Камчева и дали барала помош од Лидија Јаневска, нејзина пријателка, сопственичка на ресторан, за притворот на Камчев, на што таа одговори негативно, а Јовановски реагираше дека за тоа зборувала во истрага.

Тогаш Боки 13 побара точно да одговори колку и каде средба имала со директорот на УБК, Горан Николовски.

-Имавме две средби, на мое барање. Не се сретнавме во УБК, бидејќи таму работеше Јовче Ременски, вашиот пријател со кој секој ден се слушате, па затоа инсистирав средбата да не биде таму, па се плашев од него, рече Камчева.

На инсистирање на Боки 13 што совет добила од Николовски, таа рече:

-Ми рече дека ќе информира и да имам доверба во обвинителката Вилма Русковска, рече сведокот.

В.В.

Поврзани новости