Боки 13 до Камчева: Точно ли е дека ми спремавте специјални вечери во вашиот дом?

by fokus

Додека Бојан Јовановски ја испрашуваше Ана Камчева, сведок на денешното рочиште за случајот „Рекет“, на моменти ја откриваше и својата страна од приказната.

Тој откри дека често бил гостин во домот на Камчеви, па дури и рече дека Камчева му спремала специјални вечери.

Камчева се изнасмеа, но потврди дека Боки 13 бил во нивниот дом на вечери, и тоа веднаш откако Камчев излегол во домашен притвор.

Таа пак не знаеше да одговори колку пати била во канцеларијата на Боки, и не можеше да се сети што точно зборувале.

Јовановски продолжи со острите прашања, па ја запраша камчева зошто го терала да води негативна кампања за Јана Марин и Наташа Савова?

По приговор на обвинителката Вилма Русковска, судот не го дозволи прашањето.

Судењето е во тек.

Поврзани новости