783
Бизнисменот Орце Камчев утринава бил во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција каде што дал исказ како сведок за случајот „Рекет“, пред обвинителката Вилма Русковска.
Од Обвинителството ја потврдуваат информацијата дека Камчев давал исказ во својство на сведок. Во обвинителството веќе имаат негов исказ и тоа дадан на 2 мај годинава, кога и всушност го пријавил случајот.
Изминатите неколку дена медиумите пишуваа дека Камчев е надвор од Македонија и дека престојува во Бугарија.
В.В.