Заев: Тешко ми паѓа кога ги читам лажните вести

by fokus

Коментирајќи ги вестите што ги објавуваат српските медиуми откако во Македонија изби аферата, „Рекет“, премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција со српската премиерка, Ана Брнабиќ, рече дека му паѓа тешко кога ги чита лажните вести што се објавуваат за него. Тој додаде дека засега единствената алатка за борба против лажните вести е повторување на вистината.

-Нашите односи со Србија секогаш биле добри, наша обврска е тие односи да растат. Нема да дозволиме одредени медиуми и лажни вести да ги нарушат тие односи. Нашиот народ е поврзан, се почитува, тешко ми паѓа кога ги гледам тие лажни невистини. Се обидуваме да дадаме вистинит одговор на овие прашања. Светот има голем проблем со лажните вести и ќе мора да најдеме институцинални решенија на борба. Видовме дека лажните вести можат да уништат интегритет на една личност, на едно семејство или на една земја, да направат непријатели од земјите. Кртичкото новинарство треба да го има, тоа е четврта власт, или седма сила, тоа е здраво за демократијата, но лажните вести се штетни за демократијата и ја уништуваат – рече Заев коментирајќи ги написите во Србија дека неговата политичка кариера е завршена или дека е лично вмешан во аферата „Рекет“.

За проблемот со лажните вести изјава даде и Брнабиќ додавајќи дека се работи за феномен на современите медиуми и на новото време, со кој се бори целиот свет.

Поврзани новости