Калифорнија ја зафати силно невреме – дожд, град и грмежи на западниот брег на САД

by Fokus

Бран бурно време проследен со обилни врнежи, грмежи и град ја погоди вчера американската сојузна држава Калифорнија, објавија денеска американските медиуми.

Метеоролозите најавија дека може да се очекува торнадо, но тоа не се случи и поради таа причина нема значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја поради налетите на бурниот ветер, објавено е на официјалната веб-страница на калифорниската електрична мрежа.

Според локалните служби, невремето поплавило некои патишта, соборило дрвја, а аеродромот во Санта Барбара е привремено затворен.

„Националната метеоролошка служба во Сакраменто издаде предупредување за торнадо за делови од округот Плумас и округот Бат во северна Калифорнија, но освен силен дожд, повремени град и грмотевици, нема торнада“, потврди метеорологот Џефри Вуд.

Поврзани новости