Калас: Русија нема да ме заплаши со налог за апсење

by Fokus

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Русија нема да ја заплаши со издавање налог за нејзино апсење и дека потегот на Москва е обид за заплашување поради шпекулациите дека може да добие висока позиција во ЕУ.

Калас на маргините на Минхенската безбедносна конференција изјави дека налогот издаден од Русија за нејзино апсење не е изненадување, бидејќи има шпекулации дека таа ќе биде избрана за министерка за надворешни работи на ЕУ по изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Тоа треба да ме исплаши и да ме натера да се воздржам од одлуки што инаку би ги донела“, изјави премиерката за Ројтерс.

Таа и уште неколку балтички политичари беа барани од руската полиција на 13 февруари за уништување споменици од советската ера.

 

Поврзани новости