Дмитриев: Европските компании сакаат да се вратат на рускиот пазар

by irena 21:20
21:20

Русија добива сигнали од голем број европски компании кои сакаат да се вратат на рускиот пазар, изјави раководителот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFPI) и специјален претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, пренесува РИА Новости.

– Навистина добиваме сигнали од многу европски компании за нивната желба повторно да влезат на рускиот пазар. Кај многу компании, прометот се намали за 30 до 40 проценти. Мислам дека зборот „замор“ добро ја опишува ситуацијата од гледна точка на европските компании, бидејќи тие имаа многу успешен бизнис во Русија – рече Дмитриев во интервју за германскиот весник „Берлинер Цајтунг“.

Како што претходно изјави претседателот на Русија Владимир Путин на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, по почетокот на Специјалната воена операција во Украина, бројни странски компании го напуштија рускиот пазар.

Сега некои од нив сакаат да се вратат.

Според него, Русија ќе го поздрави нивното враќање доколку „не оставиле неред зад себе или не се однесувале дрско“.

Слични вести