Како твојот бизнис да стане лидер во дигиталниот свет

by Fokus

Тековната криза со Covid-19 како наеднаш да им го отвори очите на бизнисите од неопходноста да бидат присутни и активни на дигиталните канали и да го забрзаат процесот на дигитална трансформација за кој веќе подолго време се зборуваше како нешто неизбежно за сите кои сакаат да останат или да бидат успешни во својата работа.

Сепак, и сега, речиси 3 месеци од почетокот на кризата и состојбата која никој не ја посакуваше, се наметнува прашањето дали бизнисите и нивните лидери успеаа да одговорат на предизвикот?

Последниве неколку месеци особено често слушаме за дигитализација на бизнисите, за нивното виртуелно присуство и можноста да се има виртуелни „излози-продавници“, процес кој го олеснува пристапот до тоа што тие го нудат, особено во услови како пандемијата кога, не по своја волја, до крајниот корисник мора да се стигне удобноста на неговиот дом.

Покрај многуте напори на одредени бизниси да го зацврстат своето онлајн присуство, постои изобилство на бизниси кои го занемаруваат истото и со голема доза на скептицизам и резерва го прифатија терминот „дигитализација“.

Како да продавам онлајн, како да ја префрлам робата од продавница на веб страница, дали треба да имам платени реклами на друштвените мрежи?

Ова се само мал дел од прашањата кои беа водечки теми на размислување за новата маркетинг кампања на агенцијата за развој на софтвер и дигитален маркетинг Пиксел, наречена „Стани лидер во дигиталниот свет”.

Седумгодишното искуство на Пиксел во дигиталниот маркетинг, стекнато од соработката со лидерите во разни индустрии и реномирани компании стои за нивната последната кампања.

Со уникатно креираните стратегии тие им овозможуваат на бизнисите да бидат уште поуспешни и да го променат светот преку брз транзициоен процес со изработка на современа и функционална веб страница, уникатна дигитална комуникација низ сите канали (друштвени мрежи) и иновативни онлајн и принт материјали.

Експертскиот тим на Пиксел се стреми да им помогне на компаниите да постигнат успеси при што им нуди експертиза да бидат различни од конкуренцијата и дигитално да ги трансформираат своите компании користејќи ги најновите стратегии за развој на веб и маркетинг и технологии.

Дополнително,  кампањата „Стани лидер во дигиталниот свет“ им овозможува на сите компаниите да искористат бесплатна SEO анализа на својата веб страница, што е прв чекор за успешно дигитално претставување на секој бизнис пред светот.

Дополнително, тука е и бесплатната e-книга со совети за дигитален маркетинг во време на криза, која изобилува со бројни корисни примери и совети како најуспешно да се справите со сите предизвици во кризните времиња, какво што е пандемијата предизвиката од Covid-19.

На крај ова се топ 3 кратки совети од тимот на Пиксел:

„Нема место за паника“

„Нема простор за импровизација“

„Се’ е полесно со квалитетен бизнис партнер, затоа – побарај понуда од експертскиот тим на Пиксел“

Поврзани новости