750
Голема забава се случува моментално во центарот на Неготино, откако фудбалерите на ГФК Вардар Неготино се вратија од Кичево, каде се играше бараж натпреварот со ЗФК Новаци, и каде извојуваа победа која ги врати во Втората лига.
Огромен број на навивачи се присутни на градскиот плоштад, а фудбалерите беа дочекани со огномет, песна и аплаузи. Враќањето во Втората лига се слави како огромен успех, и навивачите велат дека конечно клубот се вратил таму каде што припаѓа.
Инаку, Вардар е формиран во далечната 1938 година, и има долга традиција во Втората лига на Македонија.
Тренер на ГФК Вардар Неготино од неодамна е Љупчо Давитковски Гањо, а му помага Миланчо Мојсов.
В.К.