Повисоки плати, двојно поголемо зголемувње на социјалната помош, таблет – компјутери за студентите, повисоки студентски и ученички стипендии. Само за неколку денови, премиерот Никола Грувески, во ек на политичкиот поход на Вмро-Дпмне, на граѓаните им испорача нови ветувања кои ќе треба да се финансираат со буџетски пари. По овој нов пакет на ветувања, Владата сега треба да одговори од каде, како и со кои пари ќе ги финансира овие трошења – оценуваат економисите. Дали ќе се крати од некои проекти, за да се реализираат други, ќе има ли потреба од нови кредити, и колку сите овие најави, среде политичка криза практично имаат политичка димензија преку која актуелната Владат бара начин да остане на власт?
Од каде пари за повисоки плати, социјална помош, стипендии…
Наместо зголемување на платите за 5%, како што првично беше планирано за буџетарите, платите на околу 10 100 вработени во полицијата до 2017 та година ќе се зголемат и до 20%. Наместо зголемување на социјалната помош за 5%, таа сега ќе порасне за 10%. Иако не беше планирано, Владата одлучи да ги зголеми и студентските стипендии. Ако се анализраат овие ветувања, тие би биле добра вест за граѓаните, особено за буџетарите, но овие најави имаат серизна економска и политичка позадина, оценуваат економиситите.
За да може да фининасира овие непредвидени и непланирани трошења, Владата ќе мора да направи ребаланс на Буџетот, вели универзитетскиот професор Предраг Трпески.
“Во сегашниот веќе испланиран буџет е предвидено зголемување на платите за 5%, сега се најви раст на платите за полицијата до 20%. И социјлната помош ќе се зголемува двојно од планираното. Сето ова значи и нов дополнителен трошок за Буџетот, кој не е планиран. Сметам дека негаде во мај, јуни Владата ќе мора да направи ребаланс на Буџетот за да може да обезбеди пари за овие непланирани трошоци. Со ребалансот, прво можно е прераспределување, односно пренамена на пари од проекти кои не се реализираат за ставките кои сега ќе се зголемат. Но сепак, и покарј ваквите можни пренамени, за да се финансираат овие нови трошења, неминовни ќе бидат нови задолжувања“, оценува професорот Трпески.
Неодамна на прашање “Од каде ќе се обезбедат пари за повисоки плати во администрацијата“, минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска кусо изјави:
“Од редовни приходи во Буџетот“.
Според министрката за да се оставри најавата за повиски плати, годинава ќе бидат потребни колку 4 милиони евра.
“Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава, додавајќи оти усогласувањето ќе продолжи и во наредните 2 години, изјави министерката Јанкуловска.
По оваа изјава, остануваат нејсни неколку работи. Прво, дали овие пари ќе се обезбедат од сегашните редовни буџетски приходи, кои за годинава изнесуваат 2,65 милијарди евра и веќе се распределни до последно евро? Ако зголемувањето на платите се финансира од сегашните редовни приходи, тогаш треба да се изврши пренамена на средства од други ставки. Доколку пак тоа не е така, значи треба да се обезбедат нови средства, односно задолжувања, кои исто така како буџетски приходи, ќе завршат за повиски плати, коментираат економистите.
“Владата ниту има пари ниту создава пари. Владата односното премиерот кога најавува зголемување на сите видови на раходи од буџетот,всушност најавува дека тоа ќе го зема од едни граѓани и ќе го пренесе на други граѓани. Ние сме сведоци за лошото менаџирање на јавните финанасии, односно на Буџетите на Македонија.
Ако некаде се дава, тоа значи дека од некаде треба да се земе, а ако пак од таму каде што треба да се земе, нема пари, тогаш ќе мора да се задолжуваат, на домашен терен или од странски извори. Друг начин за покривање на овие најава за повиски плати, социјална помош, стипендии – нема “, вели еден од поранешните финансии Џевдет Хајредини.
Според сегашните буџетски проекции за годинава само по основ на плати и надоместоци за буџетарите се планирани скоро 400 милиони евра, сума во која веќе е планирано зголемувањето на платите за администрацијата за 5%. Но, за да се реализираат и сегашните планови за трошење, најпрво ќе мора да се остварат проекциите за буџетските приходи, велат економистите. Дополнително, според нив, овие најави се случуваат во период кога Владата засиелно се задолжува од домашните кредитори, што упатува на опасноста дека можни се потфрлања во планираните приходи. Имено, само минатиот месец државата на домаше терен се задолжи со 241 милион евра, а планираше да позјами скоро 120 милиони евра, што значи дека се задолжила двојно повеќе отколку првичниот план. Во истиот месец, по основ на дфопсеани долгови Владата врати 178 милиони евра, при што наместо намалување на задолженоста, таа во март се зголеми за 63 милиони евра. Овој мартовски тренд , според економистите може да биде сигнал дека буџетот се соочува со ликвидносни проблеми.
“Ако се анализираат приходите, мислам дека тие стагнираат во овие неколку месеци од почетокот на годинава. Од друга страна, според мене дебакл доживеа и законската обврска за плаќање на давачки за хонорарите. Мислам дека оваа обврска, која требаше да обезбеди дополнителни приходи во Буџетот не ги даде очекуваните, односно планираните ефекти. Она што е што е важно е дека во март се случи големо задолжување од домашните кредитори, односно Владата се задолжи двојно повеќе од она што претходно го планираше, што упатува на тоа дека можеби има проблеми со буџетските приходи“, вели професфорт Трпевски.
Освен што овие најави можат да имаат проблемска димензија за ликвидноста на буџетот, тие имаа и политичка, со оглед на тоа што се соопштуваат среде политичка криза, велат аналитичарите.
“Од една страна извештајот за прогресот на Македонија секоја година констатираат дека манџирањето е со лош кавлитет , но ние сме и флагрантни примери во кои самиот минсиетр за финасии , според прислушуваните материјали што ги обајвува опозицискиот лидер Заев, кажува дека состојбата со економијата е катастрофална. Овие мерки за зголемување на трошците се во функциона на партиско – политичка пропаганда“, вели Хајредини.
Според сегашните буџетски контури, годинава Владата планира да собере 2,6 милијарди евра, а да потроши 2,9 милијарди евра, пришто буџетскиот дефицит треба да изнесува 300 милиони евра, или 3,5% од Бруто домашниот производ.
Колку најавите за зголемени трошења ќе ги променат овие економски планови, допорва ќе се анализира, но според познавачите на состојбата, јасно е дека буџетската каса ќе мора да се прекројува за да се обезбедат средства за оставрување на ветувањата.
извор Порталб