Каја Калас: Непријатно ми беше да слушнам дека Путин е поканет на самитот на Г20

by irena 19:14
19:14

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, денеска изјави дека се чувствувала непријатно кога слушнала оти рускиот претседател Владимир Путин е поканет на самитот на Г20.

„Беше многу непријатно да се слушне тоа“, рече Калас, како што пренесе главниот аналитичар за национална безбедност на Си-ен-ен (CNN), Џим Шуто, на социјалната мрежа „Икс“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио на 23 септември изјави дека Вашингтон ја разгледува можноста за учество на рускиот претседател на самитот на Г20 во Мајами.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека сè уште е прерано да се зборува за реакцијата на Москва на поканата до Путин, наведувајќи дека одлуката ќе биде донесена откако иницијативата ќе биде разгледана и разработена.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, исто така потврди дека прашањето за учеството на Путин на самитот на Г20 е предмет на разгледување.

Тој изјави дека одлуката за заминување на самитот ќе ја донесе самиот руски претседател, поради што Министерството за надворешни работи засега нема конкретни податоци за неговото учество.

Слични вести