Курти: Време е Косово да го добие статусот на кандидат за членство во ЕУ

by irena 18:51
18:51

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес изјави дека Косово покажало јасен напредок во реформите на европскиот пат и дека сега е време да го добие статусот на кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ).

На крајот од престојот во Њујорк, каде што одржа средби на маргините на Генералното собрание на ОН, Курти на платформата „Икс“ напиша дека Косово напредувало во 35 области, дека не назадувало во ниту една од нив, а дека напредок не е постигнат во само три области.

„Исто така, одржуваме целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Таа усогласеност не е само симболична, туку ја одразува јасната стратешка ориентација на Косово и отпорот кон штетните влијанија во време на зголемена геополитичка неизвесност“, рече Курти.

Тој додаде дека „растечките тензии во регионот произлегуваат од сојузниците на Русија, авторитарните лидери, асиметричните права на малцинските заедници и неуспехот да се соочиме со злосторствата извршени за време на војната“.

„Напредокот во европските интеграции би дал дополнителен поттик за реформите во владеењето на правото и јавната администрација, судството и борбата против корупцијата. Косово останува посветен и недвосмислен партнер на Европа и е подготвено целосно да придонесе за заедничката иднина на континентот“, изјави Курти.

Слични вести