522
Синоќа во Скопје кај две лица, меѓу кои едно малолетно, била пронајдена марихуана, пренесува МВР.
„На 09.09.2019 во 00.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Веле Марков“, кај Т.Д.(19) и 16 – годишна малолетничка од Скопје пронашле марихуана. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.