Пандев: Да освоиме барем четири бода на мечевите со Словенија и Полска

by fokus

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев смета дека двата натпревари од следниот прозорец во квалификациите за ЕУРО 2020 ќе бидат решавачки за пласманот во К-групата.

„Важен натпревар за нас. Извојувавме една рутинска победа. Заслужено освоивме три бода. По еден месец не очекуваат одлучувачките натпревари со Словенија и со Полска. Затоа сакавме да освоиме барем четири бода од овие два мечеви. Жалиме што не победивме во Израел, бидејќи имавме шанси“, изјави Пандев.

Триесет и шест годишниот ветеран синоќа го постигна првиот гол во триумфот од 2:0.

Поврзани новости