Каевски: Само со БРТ можен е бесплатен јавен превоз

by Фокус

Данела Арсовска не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите два месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти, истакна Дарко Каевски од СДСМ.

-Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој. И самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска – рече Каевски.

Тој додаде дека Арсовска ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако, како што рече, граѓаните очекуваа бесплатен јавен превоз уште во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

-Најавите дека бесплатен јавен превоз ќе има за две години од сега е голема лага и потценување на скопјани. Бесплатен јавен превоз е возможен само со Бас рапид транзит со кој се обезбедува поголем опфат на патници, почести линии и побрзо минување на трасата – изјави Каевски.

Поврзани новости