Каевски ја разреши од РИКО собраниската службеничка Бојана Наумовска

by fokus 16:12
16:12

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски донесе Одлука за поништување на одлуката за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) за Западен Балкан, Бојана Наумовска.

Како што велат од Агенцијата за млади и спорт, Наумовска не ги претставувала интересира на целокупниот граѓански сектор кој се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија.

- Advertisements -

„Исто така, во изминатиот период се изврши увид во постапката за избор на Бојана Наумовска за член во Управниот одбор на РКМС, со што се утврди дека постојат низа нерегуларности во поглед на нејзиниот избор и статусот на организациите кои учествувале во работната група (голем број од организациите се со неактивен статус во Централниот регистар и не ги исполнуваат јавно објавените услови)“, велат од Агенцијата.

Наумовска беше избрана за претставник во РИКО минатата година од страна на претходното раководство на Агенцијата, пред смена на директорот. Нејзиниот избор го оспорија група на младински невладини организации кои тврдеа дека нивните потписи биле злоупотребени и искористени како доказ за кворум на гласањето. Тие побараа да се поништи гласањето и да се повтори конкурсот со тоа што би им се забранило на државните службеници да конкурираат.

Билјана Наумовска е инаку вработена во Собранието на Република Македонија како советник за поддршка на работата на пратеничката група во областа на политичкиоте систем.

Од Агенцијата додаваат дека започнува нова постапка за избор на целосно легитимен претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка, во која начелата на транспарентност, инклузивност и независност нема да бидат загрозени.

 

 

Поврзани новости