ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Николовски и Царовска заради поткуп при избори и гласање

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против Љупчо Николовски, министер за земјоделство, водостопанство и шумарство и Мила Царовска, министер за труд и социјална политика заради поткуп при избори и гласање.

„Љупчо Николовски од позиција на министер за земјоделство во тек на изборната кампања за локалните избори ветуваше олеснување на процедурата за полагање ловечки испит, со што од позиција на министер од СДС директно влијаеше на гласачите за давање на своите гласови за кандидатите на СДС. Мила Царовска, од позиција на министер за труд и социјални работи во тек на изборна кампања ветуваше зголемување на минималната плата и зголемување од 2% за вработените во градинките, кои се под директна ингеренција на МТСП и единиците на локална самоуправа. Со цел предизборна манипулација на гласачите и со свесност дека истото ќе влијае на изборот на гласачите на денот на изборите – вели Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека Николовски и Царовска свесно го извршиле кривичното дело со цел нивната партија да се стекне со поголем број на гласови.

Поврзани новости