684
Министерството за внатрешни работи започна со кадровски промени на раководни позиции во ресорот.
Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата Управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој доаѓа на местото на досегашниот Горан Грујовски.
Разрешена од раководната функција е и Анета Станчевска, помошник-министерка за внатрешна контрола. На таа раководна позиција сега е назначен Дејан Андонов, кој долги години работел во Секторот за внатрешна конрола.