Половина од началниците на секторите за внатрешни работи најверојатно ќе бидат сменети, јавува Алсат-М повикувајќи се на свои извори. Според телевизијата, ќе биде сменет и шефот на единицата „Алфи”, а СДСМ ќе може да прави смени и во единицата за специјалните задачи „Тигар”.
Претходниве денови имаше информации и дека новиот министер Оливер Спасовски ги стопирал вработувањата на кандидатите кои ги избрал Митко Чавков пред да ја напушти министерската функција.
Неофицијално, 59 од вкупно 125 решенија за вработувања без јавен оглас кои се случиле во последните неколку дена во МВР, пред изборот на Спасовски се стопирани.
Министерот Спсовски не открива ништо за кадровските промени и само кусо вели дека се уште го чека комплетниот извештај и во наредните денови ќе информира за сосојбите во МВР.