Срѓан Керим во потесен круг за генерален секретар на ОН

by fokus

По завршувањето на четвртиот круг на гласање, македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим се пласираше на четвртото место.

По денешниот неформален круг на гласање на прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, а на трето место кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ.

Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември.

Поврзани новости