Заев, Бошкоски и Миладинови, деновиве повторно ќе седнат на обвинителна клупа

by fokus 08:39
08:39

По судската ферија во август, за време на која во судовите се одржуваат рочишта само за итни предмети, во текот на овој месец во Кривичниот суд повторно ќе продолжат судењата за предмети кои во јавноста предизвикуваат големо внимание.

Во понеделник на обвинителна клупа ќе седне екс министерсот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, и останатите обвинети во случајот „Ровер“. Овој случај по трет пат почнува од почеток, бидејќи Апелација во два наврати реши да ја укине првостепената пресуда. По последната одлука на второстепениот суд, случајот да го врати од почеток, беше донесена одлука и обвинетите да се бранат од длобода, односно им се укина притворот. Бошкоски, пак неодамна излезе од затвор, откако ја одлежа петгoдишната затворска казна за случајот „Кампања“.

ljube 1

На 16 септември на обвинителна клупа ќе седне и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и останатите обвинети во „Пуч“. На ова рочиште предметот ќе премине во рацете на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), од каде што треба да образложат дали ќе останат на стариот обвинителен акт или ќе го изменат. Судењето за „Поткуп, во кој исто така е обвинет Заев е закажано за 22 септември.

zaev-650x387

На 19 овој месец пак од почеток, по трет пат, ќе стартува и случајот „Изгрев“. Судската голгота за браќата Димитар и Георги Миладинови трае веќе седум години.

Izgrev

Во Кривичниот суд сè уште не е завршен и процесот за двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за учество во толпа што ќе изврши кривично дело поради демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Рочиштето е закажано за во вторник, а на последното рочиште одбраната побара време за да ги разгледа доказите на Обвинителството, кое тврди дека Народната канцеларија не е приватен имот, туку имот на Република Македонија даден на користење на Кабинетот на Претседателот на РМ.

zdravko

Во текот на овој месец се закажани и четири рочишта за случајот „Диво Насеље“, односно за терористичкиот напад што се случи на 9 и 10 мај лани, во Куманово.

360191-prodolzhuva-sudenjeto-za-divo-naselje

Поврзани новости