575
Украинските борци кои се предадоа од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол ќе се соочат со судење во самопрогласената Народна Република Доњецк, изјави сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин.
-Затворениците од ‘Азовстал‘ се држат на територијата на Народната Република Доњецк. Веќе се планира формирање меѓународен суд на територијата на републиката – изјави Пушилин, кој не прецизираше со какви обвиненија би можеле да се соочат украинските борци.
Вкупно 2.439 борци, вклучувајќи и припадници на Азовскиот баталјон, се предадоа минатата недела. Најголем дел од нив беа префрлени во руска затворска колонија близу Доњецк. Украина се надева дека тие ќе бидат разменети за руски воени заробеници, но засега нема ваква најава од руската страна.