Заврши Соборот на СПЦ: Дали ќе се бара автокефалност за МПЦ?

by Фокус

Српската православна црква го заврши мајскиот Собор, но во официјалното соопштение нема дополнителни информации дали е донесена одлука со која СПЦ ќе ја претстави МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија за автокефалност, јавува порталот Религија.мк. Единствената реченица во официјалното соопштение каде што се споменува МПЦ-ОА гласи:

„Следниот благодатен и благословен настан на Соборот беше заедничкото сосолужување на соборната света литургија во храмот на свети Сава на Врачар по воспоставувањето на евхаристичкото општење и канонското единство помеѓу Српската православна црква и Македонската православна црква, како таа се нарекуваше по прекинот на општењето од 1967 година. Литургијата ја служеше патријархот српски г. Порфириј во сослужение на архиепископот охридски и македонски г. Стефан заедно со голем број архиереи, свештеници и ѓакони“.

Делегација на СПЦ предводена од патријархот Порфириј денеска треба да пристигне во Скопје, а утре тој заедно со архиепископот Стефан треба да сослужува на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Поврзани новости