Полска сака да ја земе Западна Украина, тврди Лукашенко

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко денеска одржаа заедничка прес-конференција во Сочи, Русија.

На прес-конференцијата Лукашенко рече дека „Западот се обидува да ја распарчи Украина“ и ја обвини Полска дека се обидува да го заземе западниот дел од Украина.

Тој, исто така, посочи дека порано или подоцна Киев ќе мора да побара помош од Русија и Белорусија за да го спречи ова наводно полско посегнување по територија.

-Она што нè загрижува е дека тие се подготвени, Полјаците и НАТО да излезат, да помогнат да се заземе западна Украина како што беше пред 1939 година – рече Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин, од друга страна, најмногу зборуваше за напорите на Русија да ги принуди странските компании за руските извозни производи да плаќаат во рубљи.

-Тоа ќе ја зајакне руската национална валута – рече Путин.

Поврзани новости