Каде и да одиш, каде и да шеташ..

by lali

…тогаш постоел само еден народ, прв и единствен, македонскиот, па научниците претпоставуваат дека првите стапки воедно се од некој Македонец, кој уште од тогашни времиња тргнал бос и гол со надеж во потрага за подобра иднина надвор од својата земја. Неговата миграција ја потврдува и фактот дека по неговите стапки во последните 15 години тргнале и над 230.000 македонски граѓани со истата цел, да ја бараат својата иднина надвор од својата држава.

 

Но, ова не треба да не загрижува знаејќи дека пред 2000 и кусур години Македонија се простирала на голема територија ширум светот, па затоа може и да заклучиме дека кој било Македонец каде и да оди, каде и да патува, тој повторно гази на земја која некогаш била македонска.