470
Ќе се прави повторна обдукција и ДНК анализа на телото на 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска на Институтот за судска медицина, информираа денеска од министерството за здравство. Тие се повикуваат на член 275 од Законот за здравствена заштита.
Семејството на Дениса се обрати вчера и до премиерот Никола Груевски од кого побараа да се направи уште една обдукција на телото во Македонија, за конечно да се расчистат дилемите и причините за смртта на нивната ќерка.
Дваесет и тригодишната прилепчанка исчезна од бродот „Серенесима“ на 12 септември. Досега се уште не се знаат точните причини за нејзината смрт.