ХЕРА: Не смее да има казни за непријавување на семејно насилство

by Фокус 17:35
17:35

Откако власта, пред неколку денови преку новите законски измени најави дека граѓаните ќе мора да платат 2.500 евра казна, ако не пријават семејно насилство што се случило пред нивни очи, со реакција денеска се огласија од невладината организација „Хера“. Според нив, партијата на власт мора да прекине со казнената политиката што ја спороведува, а граѓаните секако мора да пријават семејно насилство, но ако не пријават, не смеат за тоа да бидат казнети.

– ХЕРА се залага за стимулативни, а не за репресивни мерки. Ние се залагаме за подигање на свеста на граѓаните, тие да станат свесни за постоењето на семејното насилство и дека во такви случаи треба да се интервенира, но во никој случај не смее да има казни, ниту за граѓаните, ниту за институциите, или за невладиниот сектор. На наша членка и се случи да пријави семејно насилство, а потоа полицијата ја казни поради лажно пријавување на семејно насилство. Значи таа доби казна за својата висока свест. Тоа не смее да се случува! Мора пријавувањето да биде анонимно – вели Кристина Плечиќ Беќарова, проектен координатор во ХЕРА.

- Advertising -

 

Поврзани новости