Ќе се потрошат 617.000 евра од Буџетот, за бесплатна бања на пензионерите

by Фокус 14:10
14:10

Над 617.000 евра, од државниот буџет, ќе бидат потрошени за да и годинава, од март до ноември, околу 5.000 пензионери заминат на бања.

Огласот, како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција, ќе биде објавен до крајот на месецов и ќе трае еден месец, период во кој може да аплицираат сите заинтересирани пензионери.

- Advertising -

– Своевиден приоритет ќе имаат пензионерите кои во текот на својот работен век работеле во рудници и корисниците на инвалидска пензија со повисок степен на телесно оштетување.  Согласно програмата што веќе ја усвои Владата, пензионерите годинава ќе можат шест дена бесплатно да престојуваат во четири бањи – Катланово, Дебар, Гевгелија и Банско крај Струмица на база на полн пансион со три оброка. Покрај тоа, бесплатно ќе можат да ги користат бањите, здравствени прегледи, а бесплатен ќе биде и превозот до бањата и од бањата до местото на живеење, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека во изминатите четири години, 27.430 пензионери ја користеле услугата за бесплатно бањско лекување, а според него, услугата позитивно ја оцениле и пензионерите, но и туристичките работници.

 

Поврзани новости